Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Презентирана предизборната програма на Левица за општина Тетово

На денешната прес-конференција, кандидатите за советници од #Левица за локалните избори во Тетово ја презентираа предизборната програма и листата на кандидати, составена од искрени активисти и ентузијасти кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните на Тетово.

Боби Илиевски – носител на листата:

„Како советници, нашата заедничка борба ќе биде насочена кон: чесна и некорумпирана работа, градење на систем на база на квалитет и стручност заснован против окупирање на институциите по основ на партиска, политичка, расна, национална или било каква друга определба.

Сите заедно ќе работиме за спречување на штетните политики, транспарентно и отчетно работење на локалната самоуправа, увид во трошењето на народните пари, лесен пристап до информациите кои се од јавен карактер.”

Оливера Богојеска – кандидат за советник:

„Ќе поддржуваме разумен урбанизам и стопирање на узурпирањето на просторот од урбаната мафија, афирмација на руралниот дел и населбите во општината, еднакви можности за сите и унапредување на условите за живот на лицата со посебни потреби.

Уредување на просторот на Тетово за хумано и здраво живеење, активности за развојот на потенцијалот кај децата и младите.

Урбаното и квалитетно живеење не значи пренаселување и масовна бетонизација како и узурпирање на јавниот и зелен простор на Тетово. Ова лудило кое се случува мора да го запреме и да почнеме да градиме општина која ќе биде гордост и инспирација за сите нас.”

Костадин Томоски, кандидат за советник:

„Ќе се фокусираме да работиме на политики за заштита на животната средина и одржлив раст и развој на Тетово и околината. Ќе се залагаме за социјална грижа во која сите поединци во општеството ќе имаат еднакви права слободи, граѓански права и слобода на изразување, да гради добра и социјални услуги.

Сите ние треба да се стремиме да направиме се’ што може за да го подобриме квалитетот на животот во Тетово, пред се’ во својата непосредна околина, а потоа да делуваме и пошироко во својот град и државата.”

Срѓан Глигориевски, кандидат за советник:

„Како советници на Левица, сакаме Тетово да биде град од кој нема никој да бега, туку ќе останеме заедно со вас да го развиваме во иднина. За жал, со децении нашата општина се’ повеќе тоне во калта наречена алчност и профит на сметка на квалитетот на живот.

Заедно, посветено, упорно и преку борба, можеме да создадеме општина која ќе нуди услови за достоен живот, според потребите на тетовчани, а не на олигарсите и профитерите.”

На 20-ти Август гласајте за број 13, за Левица во советот на Тетово!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
11 август, 2022

Најнови објави