Додека ЈП Државни патишта бележи милионски профит – состојбата на патиштата останува катастрофална

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн


Согласно објавените податоци за платен данок на добивка помеѓу 30-те најпрофитабилни компании, изненадувачки или не, тука се наоѓа и ЈП Државни патишта, со профит од 24 милиони денари?!

Ако се земе предвид овој податок, она што револтира е тоа дека ова јавно претпријатие воопшто не се грижи за состојбата на патиштата и улиците низ Македонија. Дополнително фрустрирачки е фактот што ова ЈП наплаќа енормно скапи патарини за користење на автопатите ширум државата кои се во исклучително лоша состојба. Очигледно е дека средствата од наплатата на патарините, која се брои во милионски цифри, воопшто не се користат за редовно одржување на патиштата а уште помалку за изградба на нови автопати.

299975801 635615367921531 7716547499416712567 n 1

Сведоци сме дека автопатот Кичево-Охрид се гради скоро 10 години, голем дел од улиците се со дупки или се крпеници, Плетвар со години е во реконструкција, а на патниот правец Кочани-Македонска Каменица сѐ уште не е решен проблемот со честите одрони на камења.

Од друга страна, Владата на СДС и ДУИ очигледно не е задоволна со овој профит, па постојано го зголемува бројот и висината на патарините. Ако се земе во предвид колку чинат вињетките во европските држави, согласно стандардот на нашите граѓани, може да се каже дека граѓаните на Македонија плаќаат најскапи патарини во Европа и тоа за лоши и небезбедни патишта.

Државните функционери немаат претстава за тоа колку се скапи патарините, бидејќи тие се ослободени од плаќање или пак тие трошоци им се исплаќаат како патни трошоци. Но, кога веќе претпријатието акумулира милионски профит на грбот на граѓаните, барем со овие средства нека се уредат улиците, нека се изградат автопати и нека се средат свлечиштата.

Потсетуваме дека Левица, преку своите пратенци во Собранието, поднесе предлог измена на закон за намалување на цената на патарините за 50%, но парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ не го поддржа овој предлог.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

16.08.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ