ДУИ ја гуши државата со нови рамковни вработувања од наместениот попис

dui

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Со злоупотреба и погрешно толкување на резултатите од фингираниот попис, Министерството за информатичко општество и администрација, предводено од министерот на ДУИ Адмирим Алити, соопшти дека според најновите квоти наменети за распоредување на вработени во администрацијата, бројот на места резервирани за етнички албанци вработени во администрацијата ќе изнесува 31.54%.
За формирање на овие квоти треба да се земе предвид само резидентното население кое живее на територијата на Република Македонија и е во можност да се вработи во администрацијата. Ова, пак, е политички инжињеринг.

Во овој случај, ДУИ измислува сосема трета бројка од 31.54%, која не е соодветна дури иако се земе во предвид процентот на албанци, вклучително со нерезидентното население, која изнесува 29.52% по нелегитимниот попис.

Преку ова, МИОА кое е под контрола на ДУИ, на фингиран начин дополнително ќе ја натрупа администрацијата со свои партиски кадри, а притоа ќе им ја одземе шансата за вработување на припадниците на останатите етнички заедници, односно вештачки ќе ги намали процентите резервирани за нив. Така, со секој процент додаден кон квотата од 31.54%, се одзема процент од другите етнички заедници, а пред се од македонската.

Цифрата која ја диктира ДУИ е уште еден доказ за тоа до каде е стигнато арбитрерното и крајно нелегитимно владеење од страна на коалицијата СДС-ДУИ, кои покрај непочитување на волјата на народот, сега поставуваат квоти за вработување во државната администрација за да се задоволи ненаситноста на ДУИ.

До сега бевме сведоци на сериозна злоупотреба на рамковните вработувања, кои беа користени како награда за лојалните партиски послушници на ДУИ, и политички инжињеринг. Наместо обиди за превенција на ваквите ситуации на институционална злоупотреба, со овие цифри, власта само дополнително остава простор и индиректно го охрабрува клиентелизмот.

СДС се спремни да им ги овозможат сите желби на сепаратистите од ДУИ.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

17.08.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ