Последиците од клептократијата и задолжувањата ќе паднат врз грбот на идните генерации

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн


Јавниот долг, како меѓугенерациска обврска, треба да овозможи одржлив економски раст и развој и да биде правичен меѓу сегашната и идната генерација. Наместо придобивки, идните генерации ќе имаат само обврски од новите задолжувања, особено во услови на општа клептократијата и какистократијата.

Покрај тоа што Бесими смета дека новиот Закон за буџети е еден од реформските закони од т.н. СМАРТ системот, Државниот завод за ревизија констатира дека ниту со едно законско решение не е предвиден годишен план за задолжување во постапката на донесување на буџетот.

Во меѓународната пракса кај одредени земји предвиден е и план за задолжување кој се одобрува од страна на Собранието, додека кај нас преку фискалните табели кои се дел од Буџетот индиректно се одобрува нето задолжувањето за финансирање на буџетскиот дефицит и отплатата на доспеаниот долг.

300866065 641369667346101 8060133335874003658 n

Со овие фискални правила ќе се озакони вкупниот јавен долг во износ од 75% од БДП наместо да се оневозможи неконтролирано растење на јавниот долг.

Во 2006 година бевме во минус 37 отсто од БДП, за во 2022 година бројката да изнесува минус 58,5 отсто од проектираниот БДП.

Клептократијата дополнително се стимулира со неказнивоста, додека какистократијата е производ на рамковниот договор, односно на послушноста на СДСМ и ДПМНЕ.

Оттука, стратегијата на оваа Влада за задолжување е со цел „купи ден продај ден“. Ваквиот тренд на задолжувања за покривање на буџетски дефицит и тековни расходи, без стратегија за реализација на капиталните инвестиции, не смее да продолжи додека сегашната власт не си замине, а новата не утврди јасни и недвосмислени цели и долгорочни планови во однос на задолжувањето.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

24.08.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ