Наместо бесплатни градинки – Митко Јанчев најави поскапување на градинките

левица кавадарци

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Одлука по иницијативата на советникот Круме Богевски за ослободување на децата во градинката ,,Рада Поцева” од партиципација не беше донесена и покрај иницијалната поддршка од страна на сите политички партии во Советот на Општина Кавадарци!

Screenshot 2022 08 26 at 13 21 22 Левица Кавадарци Facebook
советникот од Левица, Круме Богевски

На денешната седница, советникот од редовите на Левица, Круме Богевски го повика градоначалникот Митко Јанчев да заедно со Управата на ЈОУДГ ,,Рада Поцева” и централната власт на СДС и ДУИ објаснат зошто не се формираа услови за реализирање на ова ветување!

Во таа прилика Градоначалникот не само што ја образложи економската ситуација во која мора да се одложи реализацијата на ова ветување, туку и најави поскапување на услугите за децата згрижени во ЈОУДГ ,,Рада Поцева” во Кавадарци!

Апелираме на поголема внимателност и сериозно евалуирање пред давање публицистичка димензија на едно ветување, особено кога станува збор за социјална политика!

Левица останува единствен поборник кој до последно ќе ги користи сите механизми од Советите и од Парламентот за спречување на зголемувањето на цените на услугите од Јавните претпријатија и институциите под надлежност на Локалната самоуправа!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – КАВАДАРЦИ

25.08.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ