Домот „Ранка Милановиќ“ заборавен од институциите

гази баба

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Домот Ранка Милановиќ денес претставува една грозна слика на нашата грижа за најранливите категории во нашето општество.


Во многу наврати во изминатите години многу институции, новинари, партии ги имаат посетувано овие луѓе, но ниту еден од нив нема направено ништо во врска со нивната ситуација.


Во овој момент во овој „дом“ живеат околу 30 фамилии во 3 згради и има над 100 деца од кои повеќето не одат во училиште и веќе го заработуваат лебот на улица како и нивните родители.
Во овој момент тие немаат струја во зградите и се со поплавени подрумски простории од каде се шират зарази за нив но и за околните населени места.


Левица бара од Бобан Стефковски и ЈКП „Гази Баба 2007“ да им излезе во пресрет на овие граѓани со помош на механизација на јавното претпријате и тоа:Да се постават големите контејнери во дворот на установата со цел шутот и отпадот да биде собран и однесен на депонија

Да се пратат дел од 120 сезонски работници да го расчистат и искосат дворот на институцијата

Да се прати камион за собирање на отпадна вода и да се расчистат подрумските простории со цел да не се шири зараза

Ја повикуваме министерката Јована Тренчевска од Министерство за труд и социјална политика да го посетиме заедно домот и да подготвиме програма која ќе се реализира и ќе им се овозможи достоен живот на овие заборавени луѓе.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Гази Баба

25 август, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ