Левица со поддршка на протестот на сточарите

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Сојузот на одгледувачите на овци во Република Македонија најави протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за ден 15. септември 2022 година.

301598335 645482660268135 8865027059302923229 n

Иако министерот Љупчо Николовски претходно се фалеше дека оваа година со ребалансот на буџетот ќе се исплатат сите заостанати и тековни субвенции во сите гранки во земјоделието, одгледувачите на овци ја чекаат исплатата на субвенциите за 2021 година чиј рок за исплата веќе е одамна поминат.

Политичарите на СДС се познати по своите лажни ветувања, така и Љупчо Николовски најавуваше и авансна исплата на субвенции почнувајќи од оваа година, но како и многу пати досега знаеме дека тоа е уште една лага во низа на министерот.

Николовски, водејќи се по агендата на СДС, една по една ги згаснува гранките на земјоделието, лозарството, тутунарството и оризопроизводството, за сега на ред да дојде и уништувањето на овчарството во Македонија.

Левица дава безрезервна поддршка на претстојниот протест на одгледувачите на овци и апелираме Љупчо Николовски да поднесе оставка од министерското место, и да се исплатат сите заостанати субвенции по сите основи во земјоделството.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

30.08.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ