Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица во Центар со предлог – решение за справување со енергетската криза

Советничката група на Левица во Општина Центар вчера на 13тата седница на советот предложи да се формира ЈП за производство на електрична енергија.

Предлогот беше сослушан и наиде на одобрување кај повеќето советници, но сепак поради понатамошна анализа ќе биде ставен на дневен ред на 14тата седница на советот на Општина Центар.

Предлогот би им овозможил на Центарци да добијат поевтина електрична енергија во време на енергетска криза.

Со овој предлог општината ќе ги намали трошоците по основ на електрична енергија за сопствени потреби како и потребите на школите, градинките и јавното осветлување.

Советничката група на Левица постави и услов вработувањата во ова ЈП да бидат единствено преку јавен оглас, без можност за партиски вработувања каде ќе работат најдобрите од пријавените.

Вработувањето и добиените апликации да се под надзор на советниците во општината кои заеднички ќе дадат дозвола за вработување на најдобрите кандидати.

Ова ново ЈП со добра концепција и добро раководење во иднина може да придонесе и за дополнителни приходи на општината.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ЦЕНТАР
31 август, 2022

Најнови објави