Левица – Гевгелија не поддржа предвидување нови работни места во општинските институции

gevgelija гевгелија

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На 14 седница на Совет на Општина Гевгелија на дневен ред имаше планови за вработување во три општински институции кои предвидуваа нови, досега непредвидени, работни места.

Screenshot 2022 09 07 at 12 01 35 1 Левица Facebook
Советникот од Левица, Сашко Јанчев

Советникот од Левица, Сашко Јанчев, не ги поддржа плановите за вработување кои предвидуваа 40 нови работни места во три општински институции. Тој тоа го направи поради тоа што клиентелизмот е рак рана на Македонија, а ваквите новопредвидени работни места во деведесет и девет проценти од случаевите се клиентелизам или народски кажано ветени партиски вработувања.

Еве дел од неговото излагање:

„Новопредвидените работни места кои се без никакво дополнително објаснување, освен една штура формулација за зголемен обем на работа или недостаток на технички персонал, се крајно проблематични и без разлика на секакви правдања во деведесет и девет проценти од случаевите се клиентелизам или народски кажано ветени партиски вработувања.”

„На денешната седница имаме планови кои предвидуваат такви нови четириесет работни места под изговор за зголемен обем на работа или недостаток на персонал во три општински институции, од кои две се под контрола на ДПМНЕ, а една на СДС.”

„Ние сме во многу катастрофална ситуација. Оваа зима ќе биде страшна. Локалните фирми поради високите сметките за струја ќе затвараат. Веќе уште на наредна седница ќе бидеме исправени пред очајно тешки одлуки оти ни се заканува колапс на економијата и јавниот сектор во Општината. И ние во таква ситуација треба да гласаме за нови четириесет работни места кои перфидно се замаскирани со потребата за пополнување на испразнетите места?

Оваа агонија не ни паднаа од небо. На ова дереџе сме поради тоа што наместо во последниве триесет години да се искористи власта и државниот апарат за инвестирање во енергетска и економска самоодржливост, власта се користеше за раст и развој на политичките партиите, за нивно паразитирање преку клиентелизам во форма на тендеришање и партиски вработувања. Клиентелизмот е рак рана на Македонија и далеку од умот е во очи на тотален колапс да се тера со исто темпо.”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГЕВГЕЛИЈА

05.09.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ