Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Поради владата Македонија е пред целосно загадување и еколошки колапс

Оваа зима на нашето општество му се заканува рекордно загадување на воздухот и водата. Република Македонија е пред тотален еколошки колапс.

Целиот фекален отпад ќе оди директно во реките, а отровниот мазут двојно ќе го загади воздухот. Државниот инспекторат за животна средина испрати црвен аларм до Владата на Ковачевски.

Сметките за потрошената струја за пречистителните станици ќе бидат за осум пати повисоки, велат од Инспекторатот.

Градоначалниците на општините каде што има ваков вид станици најавија дека не се способни да ги платат ваквите високи давачки и станиците ќе бидат затворени.

Во Македонија досега се изградени едвај 51 пречистителна станица, од коишто функционираат само 34, и тоа, поради недостаток на пари. Корумпираната влада на СДС и ДУИ ја турка Македонија во енергетски и еколошки колапс.

Профитерската и предавничка Влада на Ковачевски не обезбеди природен гас, ниту каков било друг вид на алтернативно гориво за да ја преживееме претстојната зима. Ќе се употребува докажано отровниот мазут, што води кон двојно зголемување на загадувањето на воздухот.

Има најава за употреба на мазут и во најголемите термоцентрали РЕК „Битола” и ТЕЦ „Неготино”. Заедно со над 50 болници кои употребуваат мазут, нафта и дрва, ќе се предизвика ЕКОЦИД на животната средина.

Политичката партија „Левица” инсистира Владата да го направи следното:

-Итна државна субвенција до март 2023 година за општините на чија територија се наоѓаат пречистителни станици и да бидат платени сметките за струја потребна за нивно нормално функционирање

-Јавно да се објави каков вид мазут ќе се употребува за загревање. Да биде објавен неговиот состав и начинoт на неговaта употреба за да се избегнат сите можни шпекулации од евентуално профитирање на поединци на сметка на животната средина.

-Да биде јавно објавено од каде ќе се увезува мазут и во колкави количини на дневно и месечно ниво

-Да се овозможи итна постапка за поставување филтри со цел да се ублажат последиците од загадувањето

-Да се воспостави неделна контрола од страна на Државниот Инспекторат за животната средина и да се изготвуваат неделни извештаи за загаденоста на воздухот во населените места каде што ќе се употребуваат мазут и нафта како погонски горива и горива за загревање.

Само со спроведување на горенаведеното може барем делумно да бидат заштитени здравјето на народот и нашата природна средина. Во спротивно, набрзо ќе видиме тешки последици по здравјето на нашите граѓани и тоа на долгорочно ниво.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

07 септември, 2022

Најнови објави