Зошто надлежниот сектор и одговорните инспекциски служби не реагираат на пропустите на ЕВН?

ло делчево

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во централното градско подрачје на Делчево и надвор, долж патот кон Граничен премин Делчево повеќе од 2 МЕСЕЦИ, ЕВН Македонија направи ископини на тротоарите за поставување на кабел за нивни сопствени потреби.

Ваквата состојба го наруши секојдневното функционирање и безбедноста на учениците и жителите на Општина Делчево.

Жители од Општина Делчево се обратија до ЛО Левица Делчево со цел да им се помогне за што побргу да се санира состојбата. Од тие причини побаравме информации од надлежните служби во Општината кои се одговорни за овој

проблем и од каде што ЕВН Македонија има добиено Дозвола за овој проект.

Службите од Општината одбегнуваат да дадат соодветен одговор, префрлајќи ја одговорноста на раководителот на сектор, кој што во исто време не беше достапен за разговор со советникот од Левица во Општина Делчево – Тони Стаменковски.

Од истите причини, советникот од Левица на следната седница на Општина Делчево ќе побара одговор од надлежните околу овој проблем и ќе побара да се стави точка на дневен ред Советнички прашања која што би била застапена на секоја седница и каде што јавно и транспарентно сите советници ќе можат да се обратат до градоначалникот и до службите за прашања кои ги засегаат граѓаните.

Доколку утврдиме дека не се почитуваат роковите во кои е предвидено завршувањето на проектот од ЕВН Македонија во соработка со надлежните општински служби, Левица Делчево ќе превземе соодветни чекори каде правно ќе се делува.

Ние и натаму ќе се залагаме за непречено и безбедно функционирање на жителите во Општината и притоа ќе бараме транспарентност во работата на наделжните служби во Општина Делчево.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Делчево

09 септември, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ