Левица пред споменикот на Стив Наумов во Битола, село Логоварди и село Болно одбележа 80 години од неговата херојска смрт

0
259

Стеван Наумов – Стив е истакнат македонски комунист и револуционер. Роден е во Битола на 27 октомври 1920 г.и потекнува од печалбарско семејство.

По завршувањето на гимназија во Битола, во 1938г заминува во Белград и студира Технички факултет. Со самото доаѓање во Белград, тој пристапил на напредното работничко движење и бил често во затвор.

Во 1939 г. станал член на КПЈ, а по враќањето во Битола, во септември 1940г бил избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Во 1942 учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред, а на 6 мај 1943 го убил бугарскиот полициски началник.

Во јуни 1942 станал член на Оперативниот штаб на партизанските одреди во Македонија. За неговата глава се барале 200 000 лева и затоа тој се самоубил на 12 септември 1942 во селото Болно, Ресенско, заедно со неговиот соборец Мите Богоевски после борба со бугарската војска и полиција.

Наумов со бомба сам си го одзема животот за да не падне во рацете на бугарските фашисти.

Бугарите не сакале да се знае неговото гробно место заради неговата величина и го погребале на непозната локација. Телото никогаш не е најдено.

Една година по неговата смрт, Битолскиот баталјон, формиран на 11 ноември 1943 година во Леринското село Винени, бил наречен по него.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
12.09.2022г.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде