Народно вето за заевистичкиот договор со Бугарија

306198419_655394752610259_4838958539056040646_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн


Иако опозициската иницијатива за задолжителен дополнителен референдум со кој би престанало важењето на контроверзниот Закон за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија содржи несреќно формулирано референдумско прашање, сепак – во духот на семакедонското обединување и јакнење на фронтот против окупационата влада на СДС и ДУИ – Левица ќе даде парламентарна и теренска поддршка за спроведување на Референдумот!

Договорот со Бугарија од 2017-та, потпишан од страна на корумпираниот квислинг Заев, е основата врз кој подоцна – преку капитулантскиот и недостоинствен т.н. француски предлог, преговаран од страна на петоколонашите Ковачевски, Маричиќ и Османи – беше октроиран од страна на официјален Брисел. Европската унија, позната по нејзината непринципиелност во случајот со Македонија, целосно ги занемери Копенхагенските критериуми, станувајќи спонзор на национал-шовинистичките претензии на соседна Бугарија, воскреснувајќи ги опасните ванчомихајловистички идеи и инкорпорирајќи ги истите како дел од преговарачката рамка со Унијата.

Сомнежот и претпазливоста кои се будат кај македонскиот народ во однос на намерите и искрените мотиви на иницијаторите на овој референдум се оправдани. Освен досегашниот политички багаж и историјат на соучесништво во спроведувањето на серија антимакедонски политички процеси – какви што се срамните примери со Охридскиот и со Преспанскиот договор – зачудува фактот зошто е одлучено на Референдумот да се гласа „ЗА“, наместо „ПРОТИВ“ – следејќи го духот на Јулските простести против бугаризацијата на Македонците!? Левица смета дека е тактички погрешно вака формулираното референдумско прашање, бидејќи истото го руши природниот континуитет меѓу најмасовните антивладини протести и самото народно изјаснување.

Со оглед на интригите, притисоците и нелегитимноста на власта, како и проблематичниот Избирачки список, упатуваме јавно предупредување дека евентуалниот неповолен епилог од референдумот (немањето цензус) не смее да послужи како алиби за идната власт – затоа што екстремно штетниот Договор со Бугарија, кој директно задира во македонскиот јазик и идентитет, може да биде суспендиран со просто мнозинство во Собранието! Оттука, неговото целосно укинување за нас е прашање на принцип и највисок јавен интерес, и ова ќе биде наш услов за евентуална поддршка на идната Влада, по следните парламентарни избори – без оглед дали тие ќе бидат редовни или вонредни.

Оттука, го повикуваме македонскиот народ да ги надмине постоечките несогласувања и да не потпаѓа под влијание на неговите странски негатори и домашни непријатели. Во овој критичен историски момент не смееме да дозволиме да бидеме поделени по линија на ситните разлики, а во корист на нивните крупни намери за бугаризација и наша системска асимилација, преку методот на историски ревизионизам и сеење туѓи великобугарски пропаганди.

Дојдено е времето за организирано и масовно пружање Отпор за рушење на оваа пробугарска, мафијашка, неофашистичка хунта! Затоа, го повикуваме спикерот Талат Џафери да не се дрзнува да смислува процедурални пречки за почеток на процедурата за собирање на уставно предвидените 150.000 потписи, бидејќи по промената на власта и падот на овој хибриден режим, истиот ќе подлежи на соодветен кривично-правен прогон по кратка постапка.

Левица, како самостоен и неизвалкан политички субјект кој изникна како чиста совест на нацијата, го задржува правото да води своја сопствена предреферендумска кампања за успешен исход на овој значаен процес, кој го гледаме само како чекор до конечното ослободување на Македонија и на македонскиот народ од домашните колаборационисти, сороспии и предавници.

Смрт на фашизмот – слобода на народот!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

13.09.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ