Историски најлошата година за лозаропроизводителите

_uploads_thumbs_resize_800x420_492394

Наместо “историско највисоки цени” како што се фалеше Владата и Министерот за Земјоделие, на повидок е историски најлошата година за лозаропроизводителите.

306602138 455909376566557 1404549827369024414 n

Премиерот Ковачевски и Министерот за Земјоделие Николовски неодамна на своите профили изјавија дека нивната поддршка за лозарите е историска со покачување на откупната цена за 30% што во превод е само 3 денари.

Реалната слика е далеку полоша од статусите на Ковачевски и Николовски:
-Нема откуп за сортата Вранец, што требаше да биде откупен до сега, бидејќи технолошката зрелост ја достигна пред две недели.

-Наместо 13 денари за сортата Смедеревка, на лозарите им одбиват по 2,5 денари. Истото важи и за сортата Вранец.

Образложението за одбивањето на 2,5 денари е дека 1,5 денар било за превоз до други винарии а 1 денар ако сакале парите да им бидат исплатени за десет дена. Со оглед на лошото искуство од претходните години кога сѐ уште не им се исплатени парите од грозјето, сите го прифаќаат условот.

Предлог законот на Левица, што ги обврзуваше винариите и откупувачите да го исплатат грозјето во рок од 30 дена, не ја доби потребната поддршка од СДС-ДПМНЕ-ДУИ и со тоа се продолжува голготата на лозаропроизводителите.

Оттука може да се наведе дека и ВВ ПОВАРДАРИЕ намерно не се става во функција за да винариите и откупувачите, со амин од Владата, манипулираат и се збогатуваат со децении на грбот на лозарите.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
14.09.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ