Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Иницијативата за бесплатен топол оброк за ранливите категории т.н. „Народна кујна“ исполнета


Пред 6 месеци советничката група на Левица во општина Аеродром поднесе иницијатива за организирање на бесплатен топол оброк за ранливите категории жители во Општина Аеродром со наслов „Народна Кујна” која беше едногласно прифатена од сите советници во општината.

Денес сме сведоци дека општината во координација со кујните во градинките на територија на општината и во соработка со невладината организација „Свети Спас” ќе обезбеди топли оброци за ранливите категории жители на општината и нивна дистрибуција до нивните домови.

Иако идејата за „Народна Кујна” беше целосно наша со поднесена иницијатива, градоначалникот си ја презентираше како негова. Но и покрај тоа локалниот огранок и советничката група на Левица го поддржува овој проект кој е за добробит на ранливите категории жители во Општина Аеродром.

Левица ќе продолжи да се бори со идеи и проекти кои се од интерес на сите жители на Општина Аеродром.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – АЕРОДРОМ

16.09.2022г.

Најнови објави