Резиме на XVII седница

битола

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

306514208 419248777049526 6511029993386270263 n

После долги дискусии доцна вечерта заврши XVII Седница на Советот на Општина Битола.

Левица имаше неколку иницијативи кои со Одлука беа изгласани едногласно во Советот а тоа се:

Еднократна финансиска помош во висина од 3000ден за првачињата во Општина Битола;
Проектирање, набавка и монтажа на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија за секој јавен објект во сопственост на Општина Битола.

Исто така на оваа седница имавме неколку иницијативи кои не беа прифатени од советниците од некои советнички групи.

Одлука со која ќе се објавуваат огласите за вработување и намерите за склучување договор на дело на веб страната на Општина Битола.

ДПМНЕ, Поинаку и СДСМ гласаа воздржано за оваа Одлука! Кога е во прашање транспарентноста за вработување, здружено се ВОЗДРЖАНИ!

Иницијатива: Советот на Општина Битола да донесе Одлука за промена на ДУП и изградба на модерен парк на парцелата кај ЈАТ!

Коалицијата Поинаку-ДПМНЕ функционира перфектно, па така и двете советнички групи не гласаа за зазеленување на централниот градски простор, за потоа да донесат незаконска Одлука за поставување на бехатон плочки.

Левица не гласаше за партиски вработувања на ДПМНЕ и со тоа спречивме да се вработат над 400 партиски војници во претпријатијата, кои и онака се финансиски нестабилни!

Левица ќе продолжи да се бори во советот, да биде коректор на лошите политики на коалицијата на власт и продолжи да работи на проекти кои Битола ќе ја направат подобро место за живеење!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – БИТОЛА

17.09.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ