Учениците од Општина Аеродром ја почнаа новата учебна година без ветените таблети

0
188

Иако беше ветувано од страна на градоначалникот Тимчо Муцунски во изборната кампања, дека ќе има таблет за секое дете, ништо од тоа не се оствари. Учениците и оваа учебна година ја почнаа без таблетите ветувани од локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Речиси низ сите основни училишта во општината нема доволен број на компјутери/таблети, па децата учат групно на еден компјутер, при што се губи квалитетот на наставата.

Советничката група на Левица – Аеродром ќе поднесе иницијатива до Советот на Општина Аеродром со цел набавка на таблети за секој ученик – квалитетно образование на најмладите е влог во нашата иднина!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – АЕРОДРОМ
20.09.2022

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде