Млекопроизводителите останати без субвенции од Николовски

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Млечната криза, која се рефлектира со екстремно високи цени на млекото и млечните производи во малопродажба, но и со нивен недостаток на рафтовите, е директна одговорност на пробугарската влада на СДС – ДУИ и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

307092740 661171448699256 6592345027334035552 n

Министерот Николовски уште во јуни изјави дека со ребалансот на буџетот ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции, за да млекарите навреме си обезбедат сточна храна.

Субвенциите до денес се уште не се исплатени.

Две години фармерите преживуваат без субвенции, со зголемени инпути на производството, додека млекарниците им го откупуваат по нерентабилна цена од 23 денари за литро свежо млеко.

Левица дава целосна поддршка на фармерите во нивните барања, и посочуваме дека единствен виновник за намалувањето на сточниот фонд во државата и кризата со млеко е владата на СДС – ДУИ.

Тие наместо да се занимаваат со решавање на проблеми кои ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните, одбраа да слугуваат на странските интереси и да ги спроведуваат нивните агенди.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

21.09.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ