Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Граѓаните на Општина Кисела Вода имаат право да знаат каде одат нивните пари

Општината е сервис на граѓаните и како институција е задолжена да работи чесно и домаќински со финансиите на граѓаните, да ги апсолвира и решава нивните тековни потреби и проблеми.

Тековните трошоци за оптимално функционирање на Општина Кисела Вода надминува 50% од вкупните приливи, останува нешто помалку од половина за капитални инвестиции кои се во интерес на граѓаните.

Советниците од советничката група на Левица на неколку наврати се борат да дознаат од секторот за финансии, што стои зад недоволно објаснетите ставки и подствавки од типот на ДРУГИ ОСТАНАТИ РАСХОДИ, во кои ставки се распределени големи суми и други ставки кои будат сомнеж во работењето на општината.

Граѓаните на Општина Кисела Вода имаат загарантитрано право да знаат каде одат и за што се употребуваат нивните пари. Со правилно распоредување на финансиите ќе може да се изнајдат средства за помодерна и поефикасна општина.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
25.09.2022

Најнови објави