Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Долгонајавуваното зголемување на пензиите е понижувачко

Во изминативе месеци во кои граѓаните се чуствуваат немоќно во однос на општите поскапувања за живеење, Владата на СДС и ДУИ, во манипулативен манир, реши да се поигра со достоинството на пензионерите.

Долгото најавување на зголемувањето на пензиите на пензионерите, беше со цел амортизација на незадоволството на дел од граѓаните – со што Владата на СДС и ДУИ покажа дека нема намера да го заштити достоинство на пензионерите.

Пред само неколку дена, анти-државната Влада, преку Министерството за труд и социјална политика, изјави дека ова фамозно и долгоочекувано зголемување на пензиите ќе изнесува едвај 850 денари!

Во услови на економска криза, проследена со речиси двојно зголемување на цените на основните прехрамбени продукти како и зголемувањето на струјата од над 30 отсто, апсурдно и крајно понижувачки е МТСП да се фали со зголемување на пензиите од 850 денари.

Срамно е што покачувањето на пензиите од неполни 7 отсто, се однесува за сите пензионери подеднакво, па така оние пензионери кои земаат највисоки пезнии ќе добијат и најголемо покачување од 1 500 денари, што е уште еден доказ дека во Република Македонија богатите стануваат побогати, а сиромашните уште посиромашни.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

26.09.2022г.

Најнови објави