(Видео) Апасиев: Левица го поднесе предлогот за референдум до ДИК

_DSC2290

Денес, претседателот на Левица – Димитар Апасиев, до ДИК го поднесе предлогот за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на задолжителен дополнителен референдум.

Прашањето по кое Левица бара да се распише референдум гласи: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година“.

„Сметаме дека народот мора да го има последниот збор кога станува збор за прашања од национален интерес и очекуваме да немаме проблеми, како со претходната иницијатива на ДПМНЕ.

Очекуваме до крајот на наредната недела да бидат собрани потребните потписи и ги повикуваме граѓаните да дадат потпис, бидејќи во 30 општини предложивме да се собираат потписи.

Доколку Џафери повторно глуми уставен судија, ние најавивме дека целосно ќе го БЛОКИРАМЕ Собранието и мислам дека тој нема да се дрзне да го направи тоа. Спикерот не е надлежен да се впушта во оцена на материјалното на прашањето, но дури и да го направи тоа, прашањето е така интелигентно срочено што го следи примерот од Преспанскиот договор“,

Ако помине референдумот, тоа практично би значело дека од ЕУ ќе се очекува нова Преговарачка рамка, без бугарските хегемонистички и ванчомихајловистички барања, кои се инкорпорирани внатре.

Тоа значи дека референдумот не е анти-ЕУ, туку бојкотот на референдумот е таков чин, бидејќи демократското изразување на граѓаните не може да биде анти-ЕУ“. – изјави на прес-конференцијата претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

28.09.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ