Кривични пријави против истакнатите советници на Левица од хибридниот режим

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

По директива на предавничкиот пратеник од СДС – Врховистичка, Ненад Коциќ, СВР Велес поднесе кривични пријави против истакнатите советници на Левица, Игор Смилев и Димитар Абрашев.

Под изговор за ширење на говор на омраза, органите на прогонот под диктат на окупационата влада, ќе ги гонат советниците на Левица заради фејсбук статус, каде јавно напишале дека пратеникот Коциќ е предавник што гласал за францускиот предлог за бугаризација.

309569636 668173707999030 1651933871253357678 n
Советници на Левица, Игор Смилев и Димитар Абрашев

За двојните аршини на режимот кој го контролира Спасовски, говори фактот што кривични пријави за директни закани против највисокото раководство на Левица, МВР со години ги чува во фиоки.

Очекувано е една квинслишка власт, која владее без никаков легитимитет од народот, да ги користи сите тоталитарни методи за да го угуши секој Отпор против режимот!

Но, Републиката пребродила далеку поопасни непријатели од вообразениот предавник Ненад Коциќ и неговата матична партија – составена од потпросечни политиканти, неспособни клептомани и простодушни среброљупци.

Идеалите за правда и национална слобода на македонскиот народ се посилни од секоја привремена диктатура и затоа, на пробугарските колаборатори им порачуваме дека ниту им се плашиме, ниту ќе замолчиме пред нивните предавнички политики!

Новите, прогресивни идеи за поправеден свет неминовно доаѓаат, а остатоците од мрачната транзиција на олигархиски банди, како што е Социјал – демократскиот сојуз, ќе завршат неславно, на буништето на историјата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

30.09.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ