Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Новиот буквар на ДУИ е свесно раслојување меѓу Македонците и Албанците

  • Борислав Крмов за букварот за првооделенци изготвен од Република Албанија.

„Во државата имаме ситуација каде што децата Албанци учат македонски јазик од петто одделение.

Имаше обид да учат од прво одделение што е и најнормална работа, бидејќи македонскиот јазик е СВРЗНО ТКИВО.

Сега имаме ситуација каде дечињата Албанци учат македонски од петто одделение, а албански јазик од прво одделение, но со буквар од туѓа држава.

Доколку ги гледаме изјавите на Али Ахмети, може да забележиме дека тој го користи терминот “нација” мислејќи само за албанската нација, која е распослана на повеќе држави на Балканот, а не за македонската нација.

Демократската унија за интерграција тука е повеќе за интеграција на Албанците од Македонија со Албанците од Албанија и Косово, наместо на интегрирање на Албанците со Македонците во Македонија.”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

29.09.2022г.

Најнови објави