(Видео) Крмов: Не можеме да се европеизираме затоа што во Македонија се отвораат клубови со имиња на докажани фашисти

крмов

„Во Македонија се отвораат културни клубови со имиња на докажани фашисти. Заради тоа не може да се „европеизираме“.

Нашата влада дозволува да се отвораат такви клубови – над триесетина такви клубови, за после, тие да делуваат како еден вид „полиција на мислата“, да бркаат духови по Фејсбук, бугарофобија и слично, кое нашата власт не го гледа.

Но, затоа, прва трча да ги осуди нашите навивачи, нашите граѓани, чијашто пак реакција е баш тоа – одраз на целиот овој притисок којшто ни го прави Бугарија, а со дозвола на власта од СДСМ.“

Извадок од гостувањето на пратеникот на Левица, Борислав Крмов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
#ЛевицаОдПарламент

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
01.10.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ