(Видео) Крмов: Имаме еден преседан на поништен попис – овој ќе го поништиме како нелегитимен

krmov

„Ако го земеме примерот од пописот во ‘91-ва година, албанскиот политички фактор не го призна пописот и издејствува попис во ‘94-та година каде излегоа слични резултати. Значи имаме ние преседани да се одбие попис и фактички да се прогласи за нелегитимен.

Со самиот факт дека имате 170 илјади луѓе непопишани, кои најголем дел бојкотирале, но имате и случаи кога ДИК беше толку неспособно, па воопшто не дојдоа за да го попишат населението во некои делови од Македонија.

Тие имаа канцеларии за попишување, што е преседан. Дел од неспособност, дел од бојкот, тие не попишаа над седум проценти од населението во Македонија, а со тоа пописот е нелегитимен.

Македонците прв пат рекоа НЕ, бидејќи ги газите 30 години, имате нелегитимен попис и дозволувате на ДУИ да има врзан попис, дозволувате да нѐ газат, само за да вие (СДСМ) останете на власт!

Извадок од гостувањето на пратеникот на Левица, Борислав Крмов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

#ЛевицаОдПарламент

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
01.10.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ