(Видео) Мециновиќ: Левица во Брисел во интерес на Македонија

амар брисел

Потребата за нов енергетски модел за производство и стопанисување со енергенсите е заедничка за цела Европа. Сите капацитети треба да бидат вратени во доменот на јавната сопственост.
Мерките за справување со кризата на Владата на Ковачевски се половично решение и бледа копија на она кое Левица во подолг период го предлага.

Присуствувавме и на настан во европскиот парламент посветен за дискусија околу безбројните санкции кои го водат континентот кон самоубиство, во организација на независните европарламентарци од Република Ирска, Клер Дејли и Мик Волас.

Покрај овие теми, на средбите со Дејли и Волас, како и со La France Insoumise од Франција, Die Linke од Германија и Комунистичката партија на Ирска, разговаравме за неправедните услови за пристапување кои и се наметнуваат на Република Македонија преку т.н. француски предлог – како потпора на бугарските шовинистички барања.

Македонија може и мора да добие подобри услови кои ќе бидат одраз на реалноста, и во континуитет на условите кои претходните земји кандидати ги добивале.

-Амар Мециновиќ, портпарол на Левица

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
02.10.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ