Еуроникел покажува дека работниците се на последно место во Републиката

logo

Менаџерскиот тим на Еуроникел донесе одлука со која се стопира работата на компанијата, оставајќи ги вработените на улица.

Еуроникел е компанија со 865 вработени што ја прави 25ти најголем работодавец во Републиката! Покрај тоа што компанијата во последните три години работи со голема добивка, менаџерскиот тим одлучи вработените да ги остави без примања во ек на економска криза.

Веќе неколку години наназад Еуроникел е дел од најпрофитабилните 100 компании во Република Македонија – нивната добивка во последните 3 години е 22.13 милиони евра, додека просечната плата од 2019 до 2022 година изнесува некаде околу 35.000 денари.

Капитализмот профитот секогаш го става на прво место, оставајќи го обичниот работник цедило, неретко и без никакви месечни примања. Милионските добивки во последните години на Еуроникел за кои најзаслужни се работниците не се доволни да спречат целосно затварање на компанијата и отпуштања од работа.

Во економска криза, капитализмот прво се откажува од човекот. Милионските профити од минатите три години се доволни за да им се помогне на работниците да ја поминат зимата, но општество кое што на вага е спремно да стави човечки животи и профит е општество кое секогаш ќе избере да не се откаже од профитот.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
02.10.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ