По иницијатива на Левица, О. Гевгелија ќе го испитува потенцијалот на општината за производство и продажба на електрична енергија

256791391_4833740613360134_4852150831750456977_n

Советникот во Советот на Општина Гевгелија, Сашко Јанчев, поднесе Иницијатива со која се предвидува изработка на физибилити студија која треба да одговори колкав е потенцијалот на Општината за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија преку формирање на јавно претпријатие за таа намена.

Во прилог дел од неговото излагање:

“Целта на Предлог одлуката е да даде одговор на потенцијалот на Општина Гевгелија за сопствено производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори на енергија, а тој одговор ќе го даде преку давање на одговор на тоа колку и каде има поволни локации во сопственост или со кои стопанисува Општината, се мисли на кровови на училишта, градинки итн., за поставување на фотоволтаици и фотоволтаични централи.

Други прашања кои треба да ги одговори оваа студија е колку би чинело нивното поставување, колкаво би било производството на струја, колку би чинело формирање на јавно претпријатие кое би стопанисувало со тие централи, дали истото би било одржливо, дали би било способно првенствено да ги снабди општинските институции, а потоа i да продава струја на пазар.

Дополнително, слични одговори оваа студијата треба да даде и за искористување на потенцијалот на браната Конско.”

“Ова е прв корак кој што треба да ни ја разјасни сликата како стои Општина Гевгелија од аспект на потенцијал за некаков вид на енергетска самоодржливост.”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГЕВГЕЛИЈА
04.10.2022


https://www.facebook.com/watch/?v=512630333628105

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ