Левица – Охрид повикува на протест против отворањето на клубот „Цар Борис Трети“

310434182_671386421011092_4311539522335715071_n

Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза!

Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата!

На 7-ми октомври (петок) со почеток од 11 и 30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид, да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив.

Не за славење на крвници на македонската нација и не за воздигнување на непријателите на човештвото!

Не за бугарскиот Хитлер!

Најстрого го осудуваме отворањето на овој клуб во Република Македонија и премолчувањето од страна на Владата која директно ја подржува рехабилитацијата на фашизмот.

Сплотени против империјализмот и антимакедонизмот, да го искажеме народниот револт.

Смрт за фашизмот, слобода на народот!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

04.10.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ