Ковачевски и Мицкоски го штитат интересот на ЕВН наместо на народот

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Вчерашната средба на Мицкоски со Ковачевски за енергетската криза, заврши со заклучок дека и двајцата се сложни дека австриската ЕВН треба да има дополнителен приход од буџетски т.е. народни пари.

310720679 672315854251482 2933331680019074646 n

Тоа што австриската ЕВН е ревносен поддржувач на овие партии, во зависност која партија е на власт – притоа згрижувајќи голем број на партиски послушници и од двата табора на високи позиции и со големи примања, ни дава за право да имаме оправдан сомнеж дека мерките, за кои се сложни Ковачевски и Мицкоски, ги одредува токму австриската ЕВН.

Предлозите на ДПМНЕ кои ги прифати власта ќе и донесат милионски приход на австриската ЕВН по основ на маржата од 11,5 отсто, одобрена од регулаторот.

Мерката која предвидува сите државни, јавни и комунални претпријатија и институции да одат на регулиран пазар сакаат да стане законска материја преку интервенција во Законот за енергетика, со што би ја бетонирале поволната позиција на австриската ЕВН.

Предлогот кој го понуди Левица уште во самата предизборна програма, а упорно го повторува изминатиов период е:

Државната “ЕСМ Продажба” да ги снабдува со електрична енергија сите државни, јавни и општински институции, како и училиштата и болниците.

Со оваа мерка ќе се избегне маржата од 11,5 отсто кон австриската ЕВН, а државата ќе може да ја контролира цената на струјата со комбинација на произвотствената цена на ЕСМ (ЕЛЕМ) и цената на увезената енергија за овие институции.

Ковчевски и Мицкоски на оваа средба им покажаа на граѓаните на чија страна се интересите на овие политички партии.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

05.10.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ