Некогаш било игралиште-денес изгледа на пасиште

272036425_101892185729218_2809211421097371219_n

Село Кумарино заборавено од локалните власти во многу аспекти oд основните услови на живеење, но и во спортско-рекреативните.

Жителите повеќе пати апелираат до надлежните институции и локалната власт за решавање на нивните проблеми, но за возврат добиваат празни ветувања.

310821725 183259910941809 4747119293965304581 n

Ова е сликата на најголем број од спортските игралишта во Македонија. Еден од основните причини за иселување од државата, а особено од помалите градови и села е токму немањето на основни услови за социјализација, рекреација и културно-образовни активности.

Локалните власти воопшто не вложуваат во одржување или создавање на нови и соодветни услови за социјализација преку спорт, рекреација и култура на локалното население, особено за младите. Во недостиг на вонучилишни и вон работни активности, младите се принудени да бараат подобри услови за живеење, надвор од своите родни краишта, а сѐ почесто, надвор од Македонија. Македонските села и градови остануваат празни.

Левица активно се бори да се промени ваквата слика, преку работата на нашите советници во општините и пратениците во Собранието, иако никаде не сме мнозинство и борбата е макотрпна. Потребна ни е и народната поддршка, а таа секојдневно расте.

#ЛевицаЗаСпортот

#ЛевицаЗаНародот

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
06.10.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ