Крмов помеѓу земјоделците за 11-ти октомври

311363067_677473047069096_3568089595373535225_n

Пратеникот Борислав Крмов, денес помеѓу оризопроизводителите во знак на поддршка на нивниот протест.

Оние кои ја хранат нацијата и кои во минатото ја создале државата – работниците и селаните, денеска се користат за профит на политичарите и олигархијата.

Овој 11-ти октомври, на чесниот народ на македонската нација повторно паразитира крупниот капитал на домашни и странски центри, одземајќи му ја државата и достоинството.

Нашите храбри земјоделци – оризопроизводители денеска го блокираа магистралниот пат Кочани – Штип поради очајните цени за откуп на производството, токму на овој голем работнички, земјоделски и македонски празник!

Пратеникот Борислав Крмов, во Кочани со членови од тамошниот Локален огранок на Левица, оддадоа почит пред споменикот на првоборците Љупчо Сантов и Раде Мијалов – Кратовче во Паркот на револуцијата во Кочани.

Македонија на Македонците, земјата на земјоделците!

311486657 677473097069091 2612067695822649917 n
Крмов на средба со оризопроизводителите
311382913 677473203735747 4494490245403013029 n
Оддавање почит пред споменикот на првоборците Љупчо Сантов и Раде Мијалов – Кратовче

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
11.10.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ