Евробирократите го рехабилитираат бугарскиот фашизам

photo_5929307209915808497_y

Скандалозни се изјавите на евроамбасадорот Дејвид Гир и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, кои одбија да го осудат отворањето на фашистички клубови, под изговор дека тоа е билатерално прашање!

Евроамбасадорот Гир директно учествува во ширењето на евроскептицизмот, со оглед на фактот што експресно го осуди уништувањето на клуб кој го носи името на осуден фашистички злосторник, според фактографијата на светската историја.

На македонската јавност сè повеќе и се предочува впечатокот дека ЕУ потполно застанува зад шовинистичката надворешна политика на Бугарија, која задира во суверенитетот на Македонија.

Комесарот Вархеји пред неколку месеци, преку својот твитер профил, упати порака дека сите негаторски барања на Бугарија се дел од преговарачкиот процес. Очигледно е дека за Вархеји и скандалозните транпаренти со натписи „Македонија е бугарска” во бугарскиот Парламент се дел од преговорачкиот процес.

Ваквото однесување на ЕУ-бирократите во континуитет демонстрира силување на правото на самоопределување на македонскиот народ, а во директна служба на територијалните претензии на соседните држави.

Се додека ЕУ е слепа на докажани фашисти и нацистички соработници, истата директно учествува во рехабилитација на фашизмот, кој имал за цел да го сотре заедништвото за кое говори евроамбасадорот Гир.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
14.10.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ