МЗШВ со нов предлог за субвенции – Крај на индивидуалниот земјоделски производител

311438279_680307683452299_6442830840029986960_n

Вчера министерот за земјоделство Љупчо Николовски изјави дека на седница на Владата поминал сет мерки за нов начин на субвенционирање на земјоделците за наредната година.

Ова известување на министерот Николовски отвори многу сомнежи. Вистинските земјоделци стравуваат дека намерата на измените во субвенционирањето е да се стави крај на индивидуалниот земјоделски производител кој живее од сопствениот труд, а на сметка на заштита на феудалците, крупните земјопоседници и олигархијата во државата.

Известувањето на министерот беше во неколку реда и несуштинско, затоа и отвара голем број на дилеми и буди сомнежи кај вистинските земјоделски производители и не е јасно за која земјоделска гранка ќе се однесуваат измените.

Она што е индикативно, е дека со новиот начин на субвенционирање земјоделците за да добијат субвенции ќе бидат приморани својот род да го предадат во домашни откупни центри.

Па се поставува прашањето:

Што станува со земјоделците кои произведуваат храна за сопствени потреби или сами ја продаваат на пазари?

Што е со земјоделците кои произведената храна сами ја преработуваат во полупроизвод или готов производ па потоа ја пласираат на пазарот?

Што е со земјоделците кои своето производство го предаваат на трети лица заради добивање на повисоки цени?

Како ќе се субвенционираат лозаро-овоштарите чии насади да влезат во полна родност треба да чекаат по 5, 6 и повеќе години, период кој е потребен само за инвестиции во насадите, а род нема?

Левица како партија на работниот народ и чесните земјоделци напоменува дека секое лошо решение за земјоделците наметнато од актуелната квинслиншка власт ќе биде блокирано, а интересите на земјоделците ќе бидат заштитени.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
15.10.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ