Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Во Тетово се прави сериозна повреда на Уставот со отворање на клубови на УЧК

Отворањето на клубови во Тетово, невладини организации за величење на паднатите борци на УЧК, е уште само едно уривање на уставниот и државен поредок на Македонија и разгорување на национална омраза.

Ова што се случува е неприфатливо и претставува повеќе од сериозна провокација!

Отворен клуб на УЧК во Тетово

Македонската држава целосно се обезличи, занемарувајќи ја примарната нејзина функција а тоа е промовирање и заштита на Македонскиот идентитет.

Инспирирани од дневно политички и ситни приватни економски интереси, се дозволува се и се промовира се и сешто, често и она што е во директен конфликт со Уставот и законите на државата.

Оваа владеачка гарнитура постојано работи ПРОТИВ интересите на народот и државата и единствено решение е комплетен ресет на овој корумпиран и заробен систем.

Ова што се случува е силување на македонскиот народ!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ТЕТОВО
10.17.2022

Најнови објави