Негрижа за спомениците од НОБ е сквернавење на АСНОМ

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

При одбележувањето на празникот 11 октомври во Скопје и во Куманово, јавноста реагираше откако чествувањето се одржа пред искршени и полураспаднати споменици.

Свесни сме дека власта, покрај тенденциозната негрижа и игнорирањето на народно-ослободителната борба, истата се обидува и да ја избрише од колективната меморија, за да ги задоволи шовинистичките аспирации на Софија.

Спомениците се запуштени и руинирани, а во изминативе пет години единствена интервенција која беше направена на спомениците од НОБ беше бришењето на зборовите “бугарски фашистички окупатор”.

312235057 682552156561185 3104309555041422404 n

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска само жали за актуелната состојба, но не кажува дали ќе се преземат активности за нивна обнова.

И додека јавноста реагира на оштетувањето на спомениците, на владината прослава во Куманово, фашистичкиот окупатор го снема од песната „А бре, Македонче“, a стиховите „нека разберат клетите фашисти, македонско име нема да загине“, беа променети во „нека разберат душманите клети, македонско име нема да загине“.

Со оваа пробугарска власт, анти-фашистичкото наследство и историја системски се бришат и сквернават.

АСНОМ е темелот на македонската државност и обидите за негово бришење ги дефинира СДС и ДУИ како АНТИ-ДРЖАВНИ елементи!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

18.10.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ