Политичкиот притисок врз членовите на Левица продолжува

311484805_421702710140679_343222439664053128_n

Денес во обвинителството беше повикан модераторот на ЛО Левица-Велес да даде изјава по пријавата од страна на пратеникот Ненад Коциќ, кој криејќи се позади окупираните институции го обвинува за искажаниот политички став на социјална мрежа по повод предавството на Македонија со гласањето за Францускиот предлог.

Исто така до МВР како одговор на пријавата на патриотскиот пратеник Коциќ од страна на модераторот беше доставена и контрапријава за лажно пријавување со оглед на тоа што пратеникот во обид да си ја оправда одлуката која што придонесува да се понижува и историски да се декласира Македонскиот народ и држава и самиот тој користи такви изрази.

Сепак таа пријава од страна на партизираните институции е отфрлена.
Ова само го потврдува фактот кој што им е многу добро познат на сите со оглед на процентот на доверба кој го имаат, а тоа е дека-експресното и пристрасно делување на институциите е во насока на заштита на членовите и интересите на владејачката партија.

Притисокот кој што континуирано се прави врз членовите на Левица, кој не се плашат јавно, јасно и гласно да си ги искажат ставовите против неправдите, нема да биде заборавен и останува да биде само поттик и потврда дека сме на правиот пат со порака дека политичката моќ е минлива работа.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ВЕЛЕС
19.10.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ