Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Реџеп Исмаил: Имате за бифтеци, немате за плати на работниците во ЈСП?

  • Излагање на советникот од Левица во Град Скопје, Реџеп Исмаил – ХАКТАН.

„Владата е одговорна за ситуацијата со ЈСП.

Додека троши за подмирување на сметки за струја на приватни лица, додека троши за оружје купено од САД – 300 милиони евра секоја година, додека троши за бифтеци, за морски плодови, за саемот во Белград, каде се шетаа владините претставници и партиски кадри на СДСМ и ДУИ, каде се потрошени дури 400 илјади евра.

Додека нашите претпријатија кубурат со буџетите, вие се истрчавте да давате пари за Украина.

Додека тука ви гори домот, вие одите да помогнете во комшии. Тоа нема никаква логика“.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
19.10.2022

Најнови објави