Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Гробарот на Скопје Ристо Пенов кадар на партијата на паразитската елита – ЛДП

Собраниски говор на пратеникот Борислав Крмов.

Ристо Пенов е најлошиот градоначалник на Скопје, познат по приватизацијата на градските аптеки, Скопскиот пазар, како и Топлификацијата – сега знаеме колку тоа нè чини. Понатаму, локалите на Градскиот трговски центар се продаваат и почнува уништувањето на модерниот градски плоштад, преку набавка на ефтин мермер од Босна и Херцеговина, за личен профит.

Партијата која го предлага, ЛДП, ја карактеризира безидејност во Собранието проследена со недостаток на законски решенија. Поранешниот министер Милески не ја употреби својата моќ во владејачкото мнозинство да нуди решенија, и поради негодувањето околу “францускиот предлог” беше казнет, а наскоро ќе биде отстранет и од лидерската позиција. Тој ќе остане запаметен единствено по тоа што на советниците од Левица им испраќаше инспекција за изјави потпишани без “северна”.

Политиката на ЛДП се состои во додворување на странските елементи, и покрај примерот со инспекциите, деновиве се актуелни со иницијатива за промена на топонимите со потекло од украинскиот јазик, целосно спротивно на правилата за транскрипција во македонскиот јазик. Истовремено, со т.н. Преспански договор тие се откажаа од македонските словенски топоними.

ЛДП се претставници на идеологијата на либерализмот во изумирање, која никогаш не фатила корен кај македонскиот народ, со исклучок на високите слоеви на граѓанството, за разлика од социјализмот кој е дел од македонското национално и економско битисување.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
28.10.2022

Најнови објави