Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Лицемерието и двојните аршини на ЕУ кон Македонија додека Бугарија и Грција ги газат правата на македонското малцинство

*Извадок од гостувањето на Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица, во емисијата „Јади Бурек“.

„Тука е лицемерието и двојните аршини на Европската Унија.

Бугарија и Грција ги имаат едни од најнедемократските устави. Тие не признаваат друг народ, не признаваат малцинства.

Дали беше побарано, пред нивниот влез во ЕУ, усогласување на нивните устави? Во чл. 2 од Договорот на Европа стои дека, покрај слободата, демократијата, почитување на човековото достоинство, една од основните европски вредности е почитување на правата на малцинствата.

Каде, во овие две европски држави, вие имате почитување на правата на малцинствата?!“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

28.10.2022г.

Најнови објави