МОН нема отчет за кредитот од 21,5 милиони евра

312264907_692902205526180_3047143695524974481_n

Претходната министерка за образование, Мила Царовска, ја задолжи државата за 21,5 милиони евра на име реформи за образование. Парите од тој кредит немилосрдно се раскрчмуваат, а ниту таа, ниту актуелниот министер Шаќири немаат дадено отчет каде, како и на што се трошат.

Иако споменатиот кредит првично беше одобрен на име долгорочен развој на образованието, две години подоцна – ги нема парите, но нема ни развој, туку напротив, образованието никогаш не било во полоша ситуација.

Место да инвестира во долгорочен развој, министерот Шаќири троши половина милион евра за скрипти, или „привремени учебници“, како што тој ги нарекува.

Политиката на Царовска како една од најнеспособните кадри е депласирана, а министерот Јетон Шаќири не понуди ништо ново.

Оттука, неминовно е прашањето дали Шаќири воопшто има претстава во која насока се движи образованието во државава, или единствено е во тек кој сопартиец /коалиционен партнер ги добива тендерите, па макар истото да значи дека училиштата ќе делат свидетелства на 31 август, а учебници на 31 декември?

Министерот Шаќири мора итно да даде отчет пред јавноста каде и како се трошат 21,5 милиони евра пари на граѓаните, колку што е задолжена Македонија на име реформи во образованието!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
01.11.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ