Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Директорката на средното училиште „Ѓорги Наумов”, Жанета Сервини наместо да си поднесе оставка од морални причини најавува тужби?

После објавувањето на веста дека ученици од Битола биле присутни во Софија претставени како истомисленици на Ванчо Михајлов, предводени од директората на средното техничко училиште во Битола, Жанета Сервини, наместо таа да си поднесе оставка од морални причини, упатува телефонски закани до советниците на Левица преку нејзина адвокатка и бара отстранување на нашата реакција.

Левица како најавтентична политичка партија и единствена која се залага за заштита на македонските национални интереси, има обврска кон јавноста јавно да ги обелодени сите кои работат спротивно од интересите на Македонија, и институционално да реагира, па затоа еднаш, а еве и сега пак, го повикуваме градоначалникот Тони Коњановски да ја разреши од нејзината фунцкија директор на СОУ „Ѓорги Наумов”.

Битола како град кој дал многу жртви во борбата против фашизмот не смее да дозволи индоктринација на неоврховизмот врз ученици и ширење на фашистичките идеали, и ние како локално раководство на Левица во Битола ќе продолжиме да ги штитиме асномските идеали.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Битола

02 ноември, 2022

Најнови објави