Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

ЈП Водовод Куманово во последни 3 месеци остварило загуба во своето работење од 15.025.075.00 денари

На девета седница на ЈП Водовод Куманово одржана на 01.11.2022година едногласно беше подржано работењето на ЈП Водовод со рекордна загуба во износ од 15.025.075,00денари за само 3 месеци. Единствено поддршка не добија од нашиот член бидејки беше против вакво работење.

Вакво темпо на работа на ЈП Водовод Куманово е забележано во последните 9 месеци од 2022година поради фактот што претпријатието има остварено загуба од своето работење во износ од 27.792.200,00денари што укажува на сериозноста на овој проблем.

Оваа состојба мора да биде регулирана бидејки ваква пракса во работење на ЈП Водовод Куманово е на штета на жители на град Куманово и не смее да се дозволи да продолжи.

Левица Куманово како политичка партија и глас на народот секогаш реагира и дејствува во интерес на граѓаните, го спречува ваквото недомаќинско работење и трошење на пари на граѓаните.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Куманово

02 ноември, 2022

Најнови објави