Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Пратениците на Левица поднесоа антипровизиски закон со цел намалување на екстрапрофитите на банките

Пратениците на Левица во Собранието на Република Македонија, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, поднесоа Предлог-закон за дополнување на Законот за платен промет, чија основна цел е намалување на екстрапрофитите на банките кои ги остваруваат преку т.н. некаматни приходи, а неосновано ги наплаќаат од граѓаните и од фирмите.

Во изминатиов период на економска и здравствена криза, банките во Македонија неоправдано ги зголемиле приходите по основ на т.н. скриени трошоци кои ги наплаќаат согласно тарифа која самите си ја донесуваат, без никаков надзор и контрола од страна на Народната банка на РМ, па така двете најголеми банки во земјава оствариле профит од преку 32 милиони ЕУР само од ова „крадење на ситно“ на граѓаните – наплатувајќи им буквално за сè и сешто.

Законот, за кој очекуваме поширока парламантарна поддршка од сите партии, е насочен директно против оваа неетичка стратегија на комерцијалните банки и со истиот им се забранува на банките да наплаќаат за нормални и секојдневни платежни услуги кои им ги пружаат на своите клиенти – како на пример: водење на трансакциска сметка; членарини за платежни картички; електронски плаќања на уплатници; услуги на мобилно и е-банкарство; издавање изводи од сметка; доставување на податоци до судови, нотари и извршители; блокирање и деблокирање на сметка; проверка на состојба; подигање готовина од друг банкомат; измислени т.н. „административни трошоци“ за издавање кредит кои се изразуваат во фиксен или процентуален износ и сл.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
04.11.2022

Најнови објави