Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Поради неспособна власт, одделението за трансфузиологија во Охрид е затворено

Откако главниот туристички центар Охрид, остана без детско одделение поради недостиг на педијатри, што е резултат на системското уништување на здравствениот систем од троецот СДС-ДУИ-ДПМНЕ, вчера инспекторатот го затвори и Одделението за трансфузиологија.

Ужасните и нехуманите услови во просториите каде што се собираат крв и крвни компоненти сериозно ги доведуваат во опасност здравјето и животот на сите граѓани.

Владата на СДС и ДУИ и министерот Беким Сали во својот мандат немаат реализирано ниту еден капитален проект во областа на здравството, а и постоечките објекти се во руинирана состојба, поради што приватните болници остваруваат милионски приходи од безизлезноста на обичните граѓани.

Недозволиво е во одделение за трансфузиона медицина да има санитарно-технички недостатоци и нехигиена, што може да се загрози здравјето на крводарителите и квалитетот на даруваната крв

Тенденцијата да се уништува јавното здравство, на сметка на приватните установи, трае од транзицијата, а сите досегашни власти единствено го штитеа профитот на приватниот капитал во здравството.

Кога пристапот до квалитетна здравствена услуга станува луксуз, не може да се говори за демократија и човекови права – туку за брутална диктатура на приватниот капитал.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
05.11.2022

Најнови објави