Трета левичарска планинарска тура – Горно Врановци

Левица -Горно Врановци

Поројниот дожд денес над Јакупица и лошите временски услови не ја поколебаа екипата на Левица да ја испешачи планираната планинарска тура од Горно Врановци, по стапките на партизаните, воедно посетувајќи ги едни од најзначајните спомен-куќи за македонската АСНОМ-ска историја.

314647993 5205916306179035 3574826827778621001 n

Токму во чест на партизаните коишто во 1944-та на раце ја носеле, еден тон тешка „бостонка“, за да ја пренесат до Горно Врановци и првата партизанска печатница „Гоце Делчев“. Тука е испечатен првиот официјален документ на македонски јазик – првиот број на „Нова Македонија“, на првата слободна територија во Македонија, каде што дејствувал Главниот штаб на НОБ и ПО на Македонија, чии спомен-куќи ги посети тимот на Левица. А беше посетен и Меморијалниот музеј на Президиумот на АСНОМ и Меморијалниот музеј на ЦК на КП на Македонија.

314797464 1176771202940889 4181801203482032910 n

Еден угнетуван, поробуван и сиромашен народ како македонскиот, многупати претходно извојувал победи над непријатели за кои многумина се сомневале во здраворазумноста да им се спротивстават – но најхрабрите се спротивставиле и победиле. Ќе победиме пак.

Смрт на фашизмот, слобода на народот!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

06.11.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ