Започнува златната доба на организираниот криминал и корупцијата

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Слабостите и недореченоста на Законот за јавни обвинители ја исполни долго посакуваната желба на ДУИ да инсталира свој човек на чело на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Зад силуета на ДУИ, по пат на непосредни избори од страна на обвинителите, за шеф на ОЈО ГОКК е избран Ислам Абази – анонимус за јавноста, но и за стручната фела.

Вмешаноста на ДУИ во изборот на Абази е провидна поради тоа што во целост отсуствуваат објективните критериуми на компетентност, искуство, програма и цели. Имено, самиот Абази потврди дека немал никаква програма, а за позицијата се „изборил“ по пат на комуникација со неговите колеги. Биографијата на Абази на судскиот портал е скромна и содржи само 35 пресуди и судски одлуки, а во неговата 10 и пол годишна кариера нема речиси никакво искуство со гонење на организирал криминал и корупција.

Понатаму, иако новиот шеф на ОЈО ГОКК категорично негираше било каква поврзаност или контакт со некој од ДУИ, во јавноста протекоа фотографии на кои Абази може да се види со Фихри Ахмети (брат на Али Ахмети) и Невзат Бејта (експратеник и ексградоначалник од ДУИ)

Кај нас – јавноста, со ваквиот избор на челник на ОЈО ГОКК, во голема мерка се појавува стравување дали „комуникацијата со колегите обвинители“ се водела за нивно убедување или за нивно уценување! Со ваквиот избор, ова значајно Обвинителство веќе ја изгубило битката со корупцијата и организираниот криминал во Македонија.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

09 ноември, 2022

КРИМИНАЛЦИ

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ