Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица го поднесе корегираното референдумско прашање до Џафери

*Прес-конференција претседателот на Левица, Димитар Апасиев за враќањето на референдумската иницијатива на доработка

„Спикерот Џафери, првично, ме третира како пратеник и ги цитира погрешните членови 135 и 136 како да сум предлагач на закон, но во овој случај јас сум физичко лице како подносител на граѓанска иницијатива, и релевантни се членовите 191 и 192 од Деловникот.

Користејќи го истиот урнек како и за претходната референдумска иницијатива, тој објаснува дека не можат да се оспоруваат меѓународни договори, иако во нашиот случај ние не се повикуваме на Законот за ратификација.

Иако спикерот го цитира речиси целиот Закон за референдум и други облици на непосредно изразување на граѓаните, тој го заборава членот 24 којшто нам, како граѓани, ни дава право да предизвикуваме одлуки донесени од страна на Собранието. Џафери вели дека собраниските заклучоци тоа не можат да бидат – но, вистината е спротивна, и тоа како можат!

Инсистираме на првичната формулација на прашањето, но, како алтернатива, новото прашање би гласело:

“Дали сте за преговори со ЕУ со прифаќање на изгласаните собраниски ставови содржани во заклучоците?”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

11.11.2022г.

Најнови објави