Поради Левица Уставниот суд оформи предмет за затворање на фашистичкиот клуб „Ванчо Михајлов“

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Постапувајќи по иницијативата на Левица за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Статутот и Програмата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, Уставниот суд на Република Македонија, како орган надлежен за оценување на уставноста на статутите и програмите на здруженијата на граѓани, ќе оценува дали Статутот и Програмата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола се спротивни на член 110 и член 112 од Уставот.

315017585 699475938202140 7461403174462914710 n

Очекуваме Уставниот суд да застане во одбрана на Уставот, темелните уставни вредности и законот, и да ги ПОНИШТИ основачките акти на овој неиофашистички клуб, кои непречено од профашистичките СДС и ДУИ шири иредентистичка пропаганда и промовира фашистичка идеологија во Македонија.

Во Статутот и Програмата на Здружението се наведува дека мисијата и целта на Здружението е промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван (Ванчо) Михајлов, според чија идеологија македонската нација и јазик не постојат!

Евидентно е дека со ваквите програмски цели и мисија, дејствувањето на Здружението е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална омраза и нетрпеливост, но и кон негирање на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ.

Имајќи предвид дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ, секоја форма на здружување и изразување насочени кон негирање на посебноста на македонската нација се директна иредентистичка закана за суверенитет и територијалниот интегритет на Републиката, па оттука неопходна општествена потреба и уставна обврска е истите да се забранат!

Го повикуваме и Основното јавно обвинителство во најбрз можен рок да ја спречи рехабилитацијата на фашизмот во Македонија и да постапи по иницијативите на Левица за забрана на работата на фашистичките клубови „Цар Борис III и „Иван Михајлов“!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

11.11.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ