(*Изјава на претседателот на Левица – Димитар АПАСИЕВ за обвинувањата од премиерот Ковачевски дека Левица е вистинска опасност за евроинтеграциите.)
„Тоа се несериозни изјави од еден неизбран премиер, односно премиер кој никогаш не излегол на избори. Мојата теорија е дека анкетите се тие кои ги тераат на вакви прилично несвојствени и политички некоректни изјави од нивна страна.
Според последните анкети, СДСМ заедно со коалицијата паднаа под 200 илјади, околу 180 илјади гласови, додека Левица е околу 105 илјади гласови, и тука е нивната фрустрација.”
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
16.11.2022